Четири години во загуба, со повисоки трошоци и до 50 отсто помали приноси – оризарите велат дека под 40 денари за арпа повторно ќе работат со загуба. Производителите велат дека со сегашните трошоци, производството станува сè понеисплатливо.
Земјоделците во Северна Македонија се соочуваат со двоен удар – земјоделските трошоци се зголемиле за 7 проценти, додека цените на земјоделските производи се намалиле за 2,2 проценти. Според официјалните податоци, најголем раст на трошоците е забележан кај транспортната опрема, ...