Создавањето здрави навики за спиење и обезбедувањето мирен простор за одмор се меѓу најважните задачи на секој родител. Квалитетниот сон е неопходен за заздравување и физички развој на телото, но и за правилна работа на мозокот.
Будилникот ѕвони, децата не стануваат, појадокот е на пола, едната чорапа ја нема, а ранецот уште не е спакуван. Секое утро истата трка, со истиот завршеток – викање, нервоза и тресење на вратата. Многу родители го доживуваат утрото како најстресниот дел од денот.