Телата на државната управа и јавните служби станаа најчеста мета за опасните сајбер напади во текот на 2026 година. Според најновиот годишен извештај за дигитална заштита на Microsoft, дури 27 проценти од сите регистрирани инциденти се насочени токму кон овој сектор.
Речиси три четвртини од вработените во Европската унија се соочувале со сомнителни мејлови, лажни пораки или опасни линкови на своето работно место. Овие загрижувачки податоци се дел од најновото истражување на Евробарометар кое беше објавено кон крајот на септември.