Пред почетокот на секоја сезона во Евролигата , генералните менаџери на 20-те клубови ги откриваат своите очекувања за најважните прашања – кој ќе стигне до Фајналфорот, кој ќе го освои трофејот и кој ќе биде МВП .
Жан Монтеро е најдобрата аквизиција во летниот преоден рок во Евролигата , според генералните менаџери и челниците на клубовите кои учествуваа во анкетата на „BasketNews“. Новото засилување на Олимпијакос убедливо го освои првото место со 50 проценти од гласовите.