Популарниот музичар од Србија Ѓорѓе Давид, познат како еден од најелоквентните членови на жирито на Ѕвездите на Гранд, проговори за страотната сообраќајна несреќа што му се случи пред две години во Македонија, во која животот го загуби една жена.
„Тешко е, знаеш? Тешко е кога ќе сфатиш дека по игра на случајот си одзел нечиј живот, некому си му одзел сопруга, мајка. Тоа е траума што останува за цел живот. Ослободен си од обвиненијата, зашто сообраќајката е по вина на некој друг, но треба да живееш со тоа“ - вели Ѓорѓе ...