61-годишен жител на Пробиштип е лишен од слобода откако, според пријавеното, се обидел со остар предмет да го нападне својот син. Случајот се случил на 12 август околу 18:30 часот пред семејната куќа во пробиштипско село. Според МВР, О.Н. бил спречен во намерата од нивен сосед.
40-годишен маж е лишен од слобода во Делчевско по пријава дека подолг период физички ја напаѓал и ѝ се заканувал на својата 59-годишна мајка. Според МВР, А.З. во последниот период неколкупати ја нападнал мајка си во семејниот дом во селото.
Скопската полиција лишила од слобода 43-годишен маж по пријава дека во својот дом се однесувал агресивно, оштетувал дел од покуќнината и му упатувал закани на неговиот 79-годишен татко. Од СВР Скопје информираат дека Б.Н.