Лондонската полиција е воодушевена од експериментот во кој компјутерска програма ги „препознава“ минувачите во реално време на улицата. Стотици луѓе веќе се уапсени, иако не постои закон што го регулира ова, пишува Дојче Веле.
Една прошетка низ прометна лондонска улица веќе може да заврши со полициска проверка, иако никој претходно не ве запрел. Доволно е камерата да го сними вашето лице, а софтверот за неколку секунди да го спореди со полициската база на барани лица.
Облека со необични дезени што ги збунуваат системите за препознавање лица, специјален крој што го отежнува препознавањето на полот и футроли кои целосно го исклучуваат мобилниот телефон од мрежата. Ова се дел од производите што ги развива стартап од германскиот град Лајпциг, ...