ПИН-кодовите како 1234, 1111 и 0000 лесно се паметат, но се и меѓу најпредвидливите комбинации. За поголема заштита на банкарската картичка, избегнувајте едноставни низи, повторување цифри и датуми поврзани со вашиот живот Четири цифри ја штитат вашата банкарска картичка, но ...
Роденден, година на раѓање или четири исти цифри — практичниот избор на ПИН-код може да биде и неговата најголема слабост. Комбинациите како 1234, 1111 и 0000 се лесни за паметење, но и предвидливи за некој што се обидува да ги погоди.