Растот на индустриското производство во вториот квартал од околу 3,4 проценти е позитивен сигнал за состојбата во македонската економија, оцени премиерот Христијан Мицкоски на денешната прес-конференција, според кого податоците покажуваат дека состојбата е стабилизирана.
И покрај забавениот раст на европската економија, Владата очекува македонската економија и годинава да продолжи со раст, кој до крајот на 2026 година би требало да се движи меѓу 3,5 и 4 проценти, изјави премиерот Христијан Мицкоски.
Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, во одговор на новинарско прашање денеска при промоција на „Градскиот воз“ истакна дека и покрај сите предизвици во Европа како наш најголем трговски партнер, сепак трендот на раст на БДП се очекува да продолжи и оваа година и тој да ...