Месечниот и годишниот раст на кредитирањето е резултат на зголемените кредити на двата сектора, со поизразен придонес на кредитите на корпоративниот сектор, забележува Народната банка. Граѓаните и компаниите продолжуваат истовремено и да штедат и да се задолжуваат.
И покрај растечките трошоци за живот, граѓаните и компаниите продолжуваат паралелно да ги зголемуваат и своите заштеди и задолжувања. Најновите податоци на Народната банка покажуваат дека во јуни депозитите пораснале побрзо од кредитите на месечно ниво, што упатува на засилен ...