Во рамки на октомвриските активности посветени на патронот на Општинското средно медицинско училиште „Д-р Јован Калаузи“ и по повод Светскиот ден на менталното здравје, учениците учествуваа во работилница посветена на значењето на менталното здравје кај младите.
Би сакал/а општеството и блиските да разберат дека… „Проблемите со менталното здравје се еднакво исти како и сите други здравствени проблеми“. „Тешко е да се живее со депресија“. „Колку и да сум стабилен, или да личам стабилен, внатрешно ништо не е променето“. „Имам болест“.