Комесарката за проширување на Европската унија, Марта Кос, испрати јасна порака до српските власти во врска со најавата дека осудениот воен злосторник Ратко Младиќ може да биде погребан со највисоки воени и државни почести, објави Блумберг .
Еврокомесарката за проширување Марта Кос упати предупредување до српските власти по најавите за погребот на поранешниот командант на Војската на босанските Срби, Ратко Младиќ, со највисоки државни и воени почести.