Мачките денес во просек живеат од 13 до 17 години, а некои доживуваат и две децении. Со стареењето се менуваат нивните навики, сетила и ниво на енергија. Сепак, важно е сопствениците да препознаат кои промени се дел од природниот процес, а кои бараат ветеринарна помош.
Ветеринарот Карлос Гутиерез ги предупреди сопствениците на мачки за една честа грешка што може да доведе до непожелно однесување кај нивните миленици. Еден таков пример е кога мачката го буди сопственикот среде ноќ и бара внимание, а тој возвраќа на тоа.