Како родители, наставници и возрасни, наша најголема и најважна одговорност е да ги заштитиме децата. Но, за да бидат навистина безбедни во овој комплексен свет, мора да ги научиме на една многу важна лекција – дека нивниот глас е нивниот најсилен штит .
Начинот на кој родителот ќе реагира во првиот разговор може да одреди дали детето повторно ќе се отвори или ќе се повлече во тишина. Експертите објаснуваат како да се изгради доверба и како да се постапи понатаму. Д ецата на интернет денес растат брзо, но не секогаш безбедно.
Има мигови кога едно општество не треба да се прашува „што им е на децата?“, туку „што гледаат децата секој ден од нас?“. Насилството меѓу врсници, снимањето туѓа болка, говорот на омраза, дигиталното понижување и трката по евтина видливост не се одвоени појави.
Инцидентот на брутално насилство врз девојче од Аеродром длабоко ја потресе македонската јавност. На социјалните мрежи се покренаа разни дискусии околу тоа кој е виновникот за ваквите случаи: родителите, образовниот систем, општеството, интернетот…? Лесно е да се впери прстот во ...
Живееме во време на опасен и суров парадокс. Од една страна е шарената, филтрирана и гламурозна илузија на социјалните мрежи, а од друга, реалниот свет, кој често е сив, обичен, понекогаш досаден и далеку од совршен.
Родителството најчесто не се гледа во големите говори, ниту во совршено организираниот дом. Се гледа во начинот на кој возрасниот реагира кога детето згрешило, кога плаче без „голема причина“, кога поставува исто прашање по петти пат, кога му треба поглед повеќе отколку одговор.
Вербалниот товар од говорот на омраза е посилен и поефективен. Зборовите оставаат траги. Понекогаш подлабоки од секоја физичка повреда. Дете кое секојдневно расте опкружено со омраза на социјалните мрежи, полека почнува да верува дека тоа е нормалниот начин на комуникација.