Во овој врли нов свет, изгледа како да забораваме дека земјоделството всушност значи храна . Под поимот сигурност или обезбеденост со храна подразбираме способност на државите да обезбедат соодветна дистрибуција на храна со која ќе ја прехранат нацијата.
Нашата денешна колумна, драг читателу, е еден вид на свето тројство: храна, село, антропологија. Во него сите три члена на семејството се врзани и произлегуваат еден од друг. Тие, заедно, се синтеза и ја прават големата слика на опстојбата на еден колектив, народ или нација, па ...