Citroen на своите клиенти им ја претстави специјалната едиција на моделот C3, под работно име ë-C3 TONIC special edition. Овој автомобил е наменет за урбаните возачи кои сакаат да се префрлат на струја и бараат соодветни, европски варијанти.
Кога треба да се додаде уште малку елан и да се доискористи залетот кога некој модел се продава одлично, Ситроен обично посегнува по Тоник. Тоа се специјални серии, што се блиску до цената на основниот модел, но додаваат стил и уште малку опрема. Ситроен е-Ц 3 е таков модел.