Сообраќајна незгода се случила денеска во скопската општина Аеродром, каде што се судриле патнички автомобил и камион. Засега нема информации за евентуално повредени лица, а според првичните информации, на возилата не се забележуваат поголеми оштетувања.
Сообраќајна несреќа се случила на автопатот по велешката патарина, каде што автомобил е превртен на коловозот, а делови од возилото се расфрлани по патот. На местото на несреќата има полициски екипи, кои вршат увид и ги утврдуваат околностите под кои се случил инцидентот.