Податоците се дел од годишниот извештај за цивилни жртви, доставен до Конгресот во средата, а беа објавени во време на зголемена загриженост поради цивилните жртви во воените операции на администрацијата на Трамп.
Во американските воени операции во текот на 2025 година загинале 153 цивили, а 243 биле ранети, изјави денеска американски официјален претставник, повикувајќи се на најновиот извештај на Пентагон доставен до Конгресот на САД, пренесува Си-би-ес .
Сите регистрирани цивилни жртви во извештајот за изминатата година произлегуваат од три воздушни напади во Јемен. Американските воени операции во текот на 2025 година предизвикале смрт на 153 цивили, додека 243 лица биле ранети, покажаа официјалните проценки на Пентагон ...
Ова е значително зголемување од 2024 година, кога Пентагон процени дека двајца цивили биле убиени, а двајца повредени во американските воени операции, објави Ројтерс. Според извештајот на Пентагон до Конгресот, сите смртни случаи и повреди на цивили регистрирани во 2025 година ...