Општина Куманово доби согласност од Советот да почне постапка за задолжување кај комерцијални банки во износ од 100 милиони денари за купување камиони за ЈП „Чистота и зеленило“ и поставување фотоволтаични системи за ЈП „Водовод“.
Мнозинството во Советот на Општина Куманово го прифати предлогот на ЈП „Чистота и зеленило“ да се зголеми за 30 проценти цената на услугата за собирање и транспортирање комунален отпад. Предлогот беше усвоен со 17 гласа „за“, пет „против“ и тројца „воздржани“.
Цената на услугата за собирање и транспортирање комунален отпад во Куманово се зголемува за 30 отсто, одлучи мнозинството во Советот на Општина Куманово, пишува СДК.мк . Според новиот ценовник, за станбен простор физичките лица ќе плаќаат 5,85 денари по квадратен метар.