Поранешниот вицепремиер Артан Груби и уште седум други лица обвинети за злоупотреби во „Државна лотарија“, на 24 август ќе седнат на обвинителна клупа во Кривичниот суд. Ова го соопшти Судот откако обвинителството поднесе обвинение.
Откако од Обвинителството информираа дека е поднесено обвинение за случајот ,,Лотарија”, во кој меѓу обвинетоте е и поранешниот вицепремиер Артан Груби, од Кривичниот суд појаснуваат дека судењето ќе стартува на 24 август.
Основното јавно обвинителство Скопје поднесе обвинение против вкупно 8 лица за злоупотреби во случајот „Државна лотарија“. Штетата е 507.632.173 денари, објави ОЈО. Побарана е мерка притвор од 30 дена за поранешниот директор Перпарим Бајрами кој е во бегство, додека за ...