Сопствениците на имот во Скопје во наредниот период може да очекуваат повисоки сметки за данок на имот, како резултат на новиот Правилник за унифицирање на цените на земјиштето и зоните, кој неодамна го усвои Советот на Град Скопје.
Град Скопје во соработка со УНДП врши репроценка на недвижниот имот, земјиште и објекти во пвие две општини, кои се најатрактивни и каде вредноста на становите е највисока. Наскоро ќе бидат изготвени и даночните решенија.