Класичната црна чанта ќе мора некое време да почека во плакарот. Во моментов, три сосема различни стилови се најпопуларни! Женската чанта, освен што е практичен и неопходен секојдневен додаток, прерасна во впечатлив моден израз.
Сакам да си купам една добра чанта. Таква што ќе можам да ја носам на работа, на кафе, во продавница, на ручек, па дури и кога навечер ќе излезам некаде. За да не морам секое утро да ги префрлам паричникот, клучевите и половина од својот живот од една чанта во друга.
Чизмите со препознатливи набори, кои го одбележаа почетокот на 2000-тите години, повторно се враќаат на модната сцена. Некогаш речиси неизбежен модел, денес тие привлекуваат внимание во нови комбинации, па вистинско време е да проверите дали сè уште го чувате вашиот стар пар.