САД извршија напади врз иранскиот остров Кешм во Ормускиот Т еснец, изјавија американски функционери, што се случи во пресрет на денешните американски меѓуизбори. Иранската државна новинска агенција ИРНА извести за неколку експлозии на островот.
Делегација на катарски посредници пристигна синоќа во Техеран за да продолжи со разговорите со иранските претставници во врска со можен договор за ставање крај на повеќемесечниот конфликт меѓу Иран и Соединетите Држави.
Претседателот на САД, Доналд Трамп, денеска изјави дека Иран сака да склучи договор за крај на војната која почна со американско-израелските напади врз Техеран на 28 февруари, и оти тој договор „е можен“. Трамп не даде повеќе детали на оваа тема.
Претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп изјави дека може да има договор меѓу САД и Иран. „Цените на нафтата паѓаат со вртоглава брзина – се намалуваат за речиси 10 долари за барел, што е рекорд – затоа што луѓето веруваат дека нема да има војна со Иран.
Техеран нуди повторно отворање на Ормускиот Теснец за два дена доколку Вашингтон ја укине поморската блокада и прифати дел од иранските барања. Американскиот претседател Доналд Трамп, пак, предупредува дека Иран мора да избере меѓу договор и нов воен удар.
Земјите од Заливот стравуваат дека нов американско-израелски напад врз Иран, кој сега е подобро подготвен, би можел да предизвика уште поразорна војна во регионот, оставајќи им ја ним задачата да ги санираат последиците.