„Тука сум само да ги потсетам сите оние што имаат проблем со говорот, дека не се сами. Мене музичкиот ритам ми помага да земам здив и да го кажам тоа што го мислам. Доколку сретнете човек што има уникатен говор како што имам јас, сакам да го сослушате, да го оставите да го каже ...
На сцената на 41-то издание на фестивалот во Штип, раперот зборуваше отворено за своето искуство со пелтечењето, објаснувајќи колку музиката и ритамот му помогнале полесно да се изразува и да го пренесе она што го носи во себе. Оваа вечер не сум тука за да пеам.
Раперот Марко Маринковиќ-Слаткаристика, кој беше еден од гостите презентери на 41. издание на фестивалот Макфест во Штип, зборуваше за своето пелтечење и за тоа колку музиката му помогнала слободно да се изразува.